Посетители
mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес19
mod_vvisit_counterВчера85
mod_vvisit_counterОваа седмица424
mod_vvisit_counterМинатата седмица528
mod_vvisit_counterОвој месец2436
mod_vvisit_counterМинатиот месец3018
mod_vvisit_counterВкупно37415
Пријавете се
Добивајте разни информации и новости од Подај Рака на Вашата е-пошта!!!


PostHeaderIcon Ни претставува задоволство што ја посетивте нашата страна

PostHeaderIcon Сексуалност, сексуални и репродуктивни права и лицата со попреченост

Во рамките на проектот "Сексуалност, сексуални и репродуктивни права и лицата со попреченост" Х.Е.Р.А. во соработка со Министерство за труд и социјална политика и Министерство за здравство, спроведе јавен настан за промоција и преставување на политиката за сексуалност, сексуално и репродуктивно здравје и права и лицата со попреченост.
Јавниот настан имаше за цел да ја запознае пошироката јавност и сите заинтересирани институции со целта на политиката, како и да се потикне понатамошна дискусија за темата на ниво на надлежните органи, институции и здруженија на граѓани.
Здружението "Подај рака" го проследи настанот со тројца преставници; Јасмина Лукановска, Лидија Таковска, Ирена Милановска.

Последно освежено (Вторник, 01 Март 2011 09:58)

 

PostHeaderIcon Новогодишна честитка со нова фасада

По повод Божиќ и Новогодишните празници Здружението ,,ПОДАЈ РАКА,, им се заблагодаруваме на сите хумани луѓе, компании, фирми, медиуми, кои учествуваа во кампањата ,,Биди и ти дел од овој еднаков свет,,
Како резултат на двете кампањи кои беа организирани 2009/2010 година  се со цел реконструкција на училишната фасада при ПОУ Д-р Златан Сремец - Скопје, ефектот може да го видите и сами. Конечно училиштето го доби својот нов изглед од почетокот на оваа учебна 2010/11 година. Нам како здужение не радува што успеавме во нашата замислена цел, а Вам драги хумани пријатели неизмерно Ви благодариме што не подржавте во нашата замисла и уцествувавте во кампањата. Без вас незамисливо ке беше да успееме. Зградата доби сосема нов изглед. Пресреќни сме поради тоа и радоста како што ветивме ја споделуваме заедно со вас, во овие прекрасни предпразнични моменти. Нека ова биде наша Новогодишна честитка до сите Вас.
Среќен Божиќ и Среќна Нова година

Погледнете како изгледаше нашето училиште пред реновирањето

Последно освежено (Сабота, 25 Декември 2010 09:53)

 

PostHeaderIcon Завршна конференција на МППС

На ден 21.12.2010 година во дом на АРМ со почеток во 11:00 часот, се одржа заврсна конференција на Македонската платформа против сиромаштија. Присуствуваа претставници од невладините организации како и претставници од Министерството за труд и социјална политика, Институтот за човекови права Лудвиг Болцман. Во рамки на кампањата против сиромаштијата и социјалната исклученост се презентираше националната стратегија за намалување на сиромаштијата, како и заклучоци и препораки во борбата против сиромаштијата и социјалната исклученост. На овој состанок здружението ПОДАЈ РАКА  како член на  МППС  зема активно учество со свои тројца претставници  Ана Тодорова,  Јасмина Лукановска,  Вера Ванчова.

 

PostHeaderIcon Извештај за тренинг програма за лица со посебни потреби, сексуално и репродуктивно здравје

На 9, 10, 11, Ноември во Хотел Белведере во Охрид се одржа тренинг програма за лица со посебни потреби, сексуалност, сексуално и репродуктивно здравје организиран од ХЕРА и ИППФ. На тренингот присуствуваа  претставници од невладини организации како и дефектолози, психолози од средните училишта кои работат со оваа популација, правник од здравство, социјален работник од Министерството за труд и социјална политика...
ФОТО ГАЛЕРИЈА ОД ТРЕНИНГ ПРОГРАМАТА

Повеќе...

 

PostHeaderIcon Прв состанок со претставници од Европската мрежа за борба против сиромаштија

На 28 ми октовмври 2010 год. во хотел Континентал се одржа Прв состанок со претставници од Европската мрежа за борба против сиромаштија.   На овој состанок здружението" ПОДАЈ РАКА" како член на МППС зема активно учество со еден присутен член - Јасмина Лукановска.
Состанокот започна со воведно излагање и презентација на имплементарните активности и постигнати цели.  Беше изнесена стратегијата за односи со јавноста и правилникот за внатрешна комуникација како и презантирање на видео спотот против сиромаштија. Од гостинката Тања Басараб беше објаснета процедурата за приклучување кон ЕАПН, како и понатамошната комуникација и соработка со ЕАНП и другите мрежи.Следеа многу прашања и коментари како и информација за прес- конференција  за презентација на спотот за борба против сиромаштијата.
 

PostHeaderIcon Извештај од прес конференцијата за најава на отпочнување на кампањата против сиромаштија во РМ

На 29.10.2010 год. (петок) од 11.00 часот во хотел Континентал , Скопје се одржа Конференција за печат организирана од Македонска платформа за борба против сиромаштија (МППС) и Лудвиг Болтман Институтот за човекови права. На прес конференцијата официјално беше најавено започнување на кампањата за борба против сиромаштија во Р. Македонија. За таа цел официјално беше промовиран и спотот под мотото ,,Секој трет македонец води крпен живот,,

Подај рака како членка активно ќе биде вклучена во сите активности на кампањата

 

PostHeaderIcon Запознавање и представување на НО на територија на општина - Кисела Вода

На 22.10.2010 год. во салата на општина Кисела Вода се одржа средба на Невладини организации на територијата на Кисела Вода, организирано од одделението за соработка со невладини организации. на општина Кисела Вода. На средбата присутните здруженија се запознаа меѓу себе и секое здружение се произнесе за своето  формирање, постоење и активности кои ги реализирало и кои ќе ги планира во иднина. Присутни на средбата од здружението ПОДАЈ РАКА беа Елена Банева Солева потпретседател и Јасмина Лукановска.
 

Последно освежено (Понеделник, 01 Ноември 2010 10:22)

 

PostHeaderIcon Социјална инклузија преку образование, обука и работа

Во организација на Европската фондација за обуки (ETF) се одржа семинар на тема "Социјална инклузија преку образование, обука и работа". Здружението ПОДАЈ РАКА зема активно учество на овој семинар

Социјалната инклузија (вклученост) претставува сеопфатен концепт кој подразбира целосно учество од страна на сите поединци, независно од нивните социјални разлики (како што е родот, етничката припадност, социјалната класа и попреченоста во развојот) во економското, социјалното и културното живеење. Таа, исто така, обезбедува учество на сите поединци во донесувањето одлуки кои влијаат на нивните животи, како и пристап до нивните основни права. Градењето на поинклузивни (повклучувачки) општества е од суштинско значење за постигнувањето на економски раст, повеќе и подобри работни места и поголема социјална кохезија.

Во 2000 год. Европската унија го отпочна процесот за обезбедување на социјална заштита и социјална инклузија со цел да изврши решавачко влијание врз искоренувањето на сиромаштијата до 2010 год., која што е прогласена за Европска година на борба против сиромаштијата и социјалната ексклузија. Европската унија обезбеди рамка за развивање на национални стратегии во врска со прашања како што се сиромаштијата и социјалната ексклузија, притоа апелирајќи овие прашања да бидат ставени меѓу приоритетите на националните политички агенди, и ги поттикна земјите членки да дадат критички осврт на своите политики.

Повеќе...

 

PostHeaderIcon Тренинг за тренери на тема Развивање и имплементација на кампањи за застапување

 Тренингот го организира Центарот за застапување проект на Граѓанската асоцијација МОСТ подржан со средства од Balcan Trust for Democracy (BTD) и Амбасадата на Кралството Холандија
24 – 25 јуни 2010 година
Хотел Континентал, Скопје
Целта на тренингот е да придонесе за зајакнување на знаењето и вештините на избраните представници од граѓанските организации на РМ во спроведување на кампањи за застапување преку употреба на различни методи, алатки и техники. Ваквиот тип на тренинг е од непроценливо значење за нашата организација и со особено задоволство Подај Рака  активно ќе учествува  со двајца претставници од здружението.
Теми кои ќе бидат опфатени со тренингот се следните:
  • Дефинирање на поимот застапување и неговите елементи;
  • Запознавање со процесот на застапувањето и чекорите за организирање и спроведување на кампања за застапување;
  • Алатки за реализација на секој од чекорите поединечно со посебен осврт на лобирањето како една од алатките за спроведување на застапувањето;
  • Посебен осврт на спроведување на кампањи за застапување преку користење на социјални мрежи и нови медиуми;
  • Надградување на вештини на презентација;
  • Односи со јавност и засегнати страни;
Тренингот ќе биде спроведен од страна на експерти од областа на застапувањето, со богато теоретско и практично искуство во развивање и имплементација на кампањи, како и искуство во користење на социјалните медиуми за целите на спроведувањето на кампањите.
Тренингот   ќе се спроведе во два дела, а по завршување на тренингот  учесниците ќе се стекнат со проширени познавања за целокупниот процес на организирање и спроведување на кампањи за застапување и ќе се здобијат со Сертификати за успешно посетување и завршување на тренингот.

Последно освежено (Петок, 25 Јуни 2010 23:53)

 

PostHeaderIcon Лобирањето во светот и во Република Македонија

Град Скопје во заедничка соработка со Холандската развојна организација СНВ/Македонија организира обука на тема "Лобирањето во светот и во Република Македонија" на ден 23.06.2010 година, од 09.00 до 14.00 часот, во Големата Сала на Советот на Град Скопје. Подај рака ќе ја проследи обуката со свои двајца претставници и се надеваме дека оваа обука ќе донесе нови иницијативи и активности на здружението во иднина.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

Последно освежено (Петок, 25 Јуни 2010 23:58)

 

PostHeaderIcon Најнови објави

PostHeaderIcon Најчитани

Банер
Анкета
Како дознавте за нас?
 
Ризница на мудрости
Луѓето се дораснати
да се пресметуваат
со други луѓе,
но не и со проблемите.
- Tin Ujević -
Банер
Кој е онлајн
Има 5 гости присутни